Centar.mk
фото Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ДРАСТИЧНИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО – Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза

Утре ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Од вторник до четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи.

Ќе дува југоисточен ветер кој утре и во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Во петок и во сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 14.04.2026
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 16°C до 23°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h.

Прогноза за 15.04.2026
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 15°C до 22°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 16.04.2026
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 23°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +