Centar.mk
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ: Ново намалување на цената на горивата, антикризните мерки даваат резултат

Од партијата на власт посочуваат дека „ефикасните мерки на Владата предводена од СДСМ за намалување на ДДВ и акцизата“, како дел од антикризниот пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра, веднаш ги намалија цените на нафтените деривати и горивата.

„Додека насекаде во државите од регионот цените на горивата растат поради најголемата економска и енергетска криза, кај нас се намалуваат токму како резултат на овие мерки. Со ефикасност во реализација на антикризните мерки цената на бензинот веднаш се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари“, напоменуваат од СДСМ.

Дообјаснуваат дека од полноќ дополнително се намали цената на дизел горивото за три денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари.

СДСМ, велат од таму, како одговорна партија во време на криза продолжува со реализација на мерки и политики кои го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат одржување на економската стабилност.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК