23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Максимално користење на ИПА-средствата за реалните потреби на граѓаните

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Бојан Маричиќ, денес одржа координативен состанок за претпристапните ИПА-фондови со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на кој разговараа за актуелните активности од интервентниот план за инвестиции и за следните чекори и приоритети што произлегуваат од првата фаза на Националната стратегија за развој 2021 – 2041 година.

„Искористувањето на ИПА-финансиските средствата мора да биде за реалните потреби на граѓаните, затоа и координирано пристапуваме во планирањето и креирањето проекти, кои ќе се темелат врз приоритетите на Националната стратегија, а истовремено ќе бидат во кохезија со европските политики“, рече вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерите Маричиќ и Битиќи посочија дека, без разлика на кризата насекаде во светот, не се откажуваме од она што е приоритет за Владата, а тоа е спроведување на реформската агенда, регионалниот развој и создавање услови за нови инвестиции, со цел напредок во евроинтеграцискиот процес и постигнување на европските стандарди и вредности дома за нашите граѓани.

Во рамките на средбата вицепремиерите ги договорија следните активности во делот на проекти од европскиот и инвестицискиот план како приоритетни за финансирање преку инвестициската рамка за Западен Балкан, со фокус на зелената агенда на Република Северна Македонија, особено преку инвестициите во обновливите извори за енергија и управувањето со отпадот.