Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со антикризните мерки цените на горивата кај нас се намалуваат, а во регионот растат

Ефикасните мерки на Владата предводена од СДСМ за намалување на ДДВ и акцизата, како дел од антикризниот пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра, веднаш ги намалија цените на нафтените деривати и горивата, велат од владејачкиот СДСМ преку допис до медиумите.

Партијата потенцира дека благодарение на овие мерки, во најголемата светска економска и енергетска криза цените на горивата кај нас се намалуваат, а насекаде во државите од регионот растат.

„Веднаш по примена на мерките, малопродажната цена на бензинот ‘БС-95’ се намали 6,5 денари, а на дизелот 9 денари. СДСМ како одговорна партија во време на криза продолжува со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат одржување економска стабилност“, наведоа од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +