Регулаторната комисија донесе одлука за ново поскапување на нафтените деривати.
Според новата одлука на РКЕ цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува непроменета и изнесува 93, 00 денари за литар, како и на ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 95,00 денари за литар. Дизелот од полноќ поскапува за уште 3 денари и ќе чини 97 денари за литар, за разлика од вчерашните 94 денари.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 93,00 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 95,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 97,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 92,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 60,569 (денари/килограм).