23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски: Буџетот беше планиран со намалени месечни трошења и е подготвен за економската криза

„Буџетот за 2022 година беше планиран со намалени трошоци за 8 проценти. Трошењата за мебел, автомобили и други непродуктивни трошоци се на минимум. Предвидени се програми во рамки на буџетот кои се наменети како резерви за покривање на недостатоците и високите цени на електрична енергија“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека ова е најголемата криза што ја зафатила Европа по Втората светска војна и дека никој не може да предвиди до каде ќе оди.

„Цената на нафтата во последните пет дена расте по 100 долари дневно. Ние сме земја што 100 отсто увезува нафта и нафтени деривати и очекувам дека цената ќе продолжи да расте“ рече Ковачевски.

Тој објасни дека буџетот ги предвидува сите давачки и задолжувања и дека сите дополнителни трошења сега се во рамките на предвидениот план.

Можеби ќе ве интересира

УХМР со метео предупредување – силен ветер

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК