13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Во време на криза, СДСМ покачува плати и пензии

Во време на глобална криза, мерките и политиките на СДСМ даваат реални, видливи резултати, потенцираат од партијата на власт.

Информираат дека согласно податоците од државниот завод за статистика, невработеноста е на најниско ниво од независноста досега – 15.2 отсто.

„Невработеноста успеавме да ја намалиме за 5,6 % во време на здравствена криза со економски последици во споредба со 2020 година. Тоа е потврдено и со извештајот на ММФ кој констатираше дека со успешните мерки на Владата спасени се над 60.000 работни места. СДСМ покажа грижа и за зачувување и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Просечната плата ја зголемивме на 29.943 денари, додека минималната плата ја покачивме на историско највисоко ниво досега од 18.000 денари“, е нагласено во нивната реакција.

Додаваат дека СДСМ го реализира и најголемото покачување на пензиите.

„Со новата методологија пензиите ќе растат во просек по 900 денари, а обезбедивме и финансиска помош од 3.000 денари за сите 330.000 пензионери. Со СДСМ растат платите и пензиите и се намалува невработеноста и во време на глобална и енергетска криза“, велат од оваа партија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Следната година повисоки плати и пензии

CENTAR MKD

Георгиева: 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна

M T

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто

M T

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

СДСМ: Платите во образованието ги зголемивме за 36%

M T

Ковачевски: Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза

M T