23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: Го менуваме моделот, субвенциите ќе бидат развојна, а не социјална категорија

„Во следните две години ќе го менуваме моделот на субвенционирање. Од 2004 година се субвенционира се, иако не се сите стратешки производи. Ние правиме анализи за да утврдиме кои се десет стратешки култури кои треба да се субенционираат“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека ќе се обебеди финансиска поддршка за субвенциите да не бидат социјални, туку развојни.

„Нема да финансираме се и сешто и да ставме во програмата производи што ги немаме на пазарот, а даваме огромни суми за нив. Правиме анализи и бараме широка поддршка за утврдиме кои култури се стратешки“ рече Николовски.

Министерот додаде дека субвенциите се исплаќаат согласно календарот, а земјоделците знаат во кое време ги добиваат субвенциите, пред да почне сезона, неселективно, без исклучоци и списоци.

„Во 2018 година исплативме и 350 милиони евра за долгови останати од претходниот период. Сега имаме редовна исплата, а во 2021 година има рекордна исплата на субвенции, кои во овоштарството достигнаа и до 50 илјади денари по хектар“ рече Николовски.