Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Кога бензинска пумпа ќе згреши: Со часови точеле гориво по багателни цени

Цените на горивата урнаа рекорди во саботата, но во белгискиот град Кампенхаут на локалната бензинска пумпа, цените и на бензинот и на дизелот одеднаш се преполовија.

И додека кај нас возачите минатата недела во паника полнеле цистерни и канистри, на бензинските пумпи во Белгија немало гужва. Освен во еден град, во сабота.

Имено, тој ден во Кампенхаут бил позафатен од било кога. Минувачите биле многу изненадени кога на бензинска пумпа која работи на принцип на самопослужување виделе истакнати цени: 1.077 евра за литар дизел и од 1,2 до 1,3 евра за литар бензин.

Многумина на почетокот мислеа дека се работи за грешка на електронскиот дисплеј, но оние кои навистина ќе отидат да наполнат гориво, ќе увидат дека цените се реални.

Веста молскавично се рашири на социјалните мрежи, а не помина многу време и настана голем сообраќаен метеж. Се чинеше како цел Кампенхаут да дојде да го наполни резервоарот на автомобилот, а во многу случаи и неколку резервни канистри.

Во меѓувреме, се покажа дека групацијата Колрајт, во која спаѓа и споменатата бензинска пумпа DATS24, не знаела за погрешните цени. За жал, сè што е убаво трае кратко, а не се знае колку траел овој непредвиден „попуст“ и колку клиенти успеале да го искористат.

Инаку, литар дизел на таа пумпа сега чини две евра.

Можеби ќе ве интересира

Седум „злата“ и три сребрени признанија: Врвните вина на „Тиквеш“ брилираа на Mundus Vini Spring Tasting 2026

C +

Филипче: Минимална плата од 600 евра е реална потреба

C +

Продолжува инвестицискиот циклус на Lidl во Скопје: Почна изградбата на маркет во Гази Баба

ДЕСК