23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30 метри има на патниот правец Лисец – Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Забрана за ТТВ има на патниот правец крак Маврово- Дебар. На патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за тешки товарни возила и автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема