13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски на погрешна страна, блокира закони, ги оправдува сите што поддржуваат агресија врз Украина

ВМРО-ДПМНЕ долго време се обидуваат на секаков можен начин да ја опструираат работата на Собранието, од 87 закони, дури 21 се блокирани во комисијата за финансирање и буџет со која раководи опозицијата. Блокираат закони важни за граѓаните, а ја блокираат и работата на собраниските комисии, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека работата на Комисијата за избори и именувања со месеци е блокирана, а таа е важна за избор и именување на составите на важни државни институции.

Една од нив, е и Уставниот суд, важна и независна институција која со месеци работи во нецелосен состав.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на погрешната страна, очигледно не сакаат државата да има функционален независен судски систем.

После пресудите и признанијата во Титаник, со коишто се потврди криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, правдата најмногу и пречи на оваа опозициска партија.

Скандалозната изјава на Мицкоски во која ги оправдува сите кои ја поддржуваат агресијата на Русија врз Украина јасно покажа дека Мицкоски не е ништо друго освен остаток од мрачното, режимско минато кој брани криминал и насилство.

Наместо да побара обединување околу вредностите зад кои стои целиот демократски свет, наместо да ја осуди агресијата врз Украина, Мицкоски ги дели македонските граѓани.

Мицкоски не пропушта прилика да покаже дека работи против интересите на граѓаните и државата., се вели во соопштението од СДСМ.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T