Centar.mk
БИЗНИС

Лажна вест натера дел од граѓаните да ги наполнат резервоарите, создадоа големи гужви – Нафта и бензин има, нема простор за паника

Несфатлива ситуација е ова по некои места. Има гориво, има нафта, бензин. Нема простор за паника. Народот да не чека во колони, вели министерот за економија, Крешник Бектеши откако беше објавено дека во некои градови се чекало во колони на бензиските пумпи за да се наточи гориво.

Според министерот, ова е вештачки создадена ситуација.

-Се шири паника и лаги по порталите. Имаме залихи, имаме резерви. Граѓаните да не создаваат кризи и да не веруваат секому, додаде Бектеши во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Бектеши додава дека ограничувањата на некои пумпи кои не дозволуваат полнење на канти и туби со гориво, се спротивни на законот, но повтори дека нема потреба од паника и гужви за полнење гориво.

Можеби ќе ве интересира

Поскапување: РКЕ донесе одлука за корекција на цените на горивата

ДЕСК

ОБЈАВЕНА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: Граѓаните и фирмите должат за данок над 12 милијарди денари

ДЕСК

РКЕ пред одлука – Нови цени на горивата

ДЕСК