13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Откриена тајната на долговечноста – Овие 7 намирници може да го продолжат животот

Конзумирањето здрава храна е клучно за зачувување на здравјето на целиот организам, од превенција и третман на коронавирусот до продолжен животен век, посочува познатиот руски лекар и телевизиски водител Александар Мјасников, кој ги наброја производите кои го продолжуваат животот. Имено, правилниот избор на храна може да го забави текот на вирусните заболувања и да спречи тешки форми.

„Многу пати сме спомнале, сме набројале намирници, сме зборувале за половина килограм зеленчук и овошје“, објаснува Александар Мјасников, повикувајќи се на научно-истражувачките податоци кои укажуваат на седум основни производи за одржување урамнотежена исхрана.

„Во исто време, главниот фактор за долговечноста е генетското наследство“, додаде тој.

Овие намирници првенствено вклучуваат зеленчук, овошје, морска храна, јаткасти плодови и особено бадеми, темно чоколадо и лук. Како што објасни, докажано е дека овие производи ни помагаат да живееме подолго. Во исто време, главен фактор за долговечноста е генетското наследство, додава тој.

Дополнително, во времето на коронавирусот, д-р Александар Мјасников истакнува дека цинкот е многу корисен во борбата против коронавирусот. Цинкот се наоѓа во големи количини кај пилешкото, но тешкиот тек на коронавирусот може да се спречи со консумирање на храна богата со витамин Д, која ја има во изобилство во харингата.

Познатиот руски лекар Александар Мјасников рекол дека за време на акутната фаза на болеста треба да се потпрете на јаглехидратите. Ова се должи на фактот дека за време на болеста, човекот троши повеќе енергија отколку што добива. На пациентот му е потребна сила да се бори со вирусот за брзо закрепнување.

Седум намирници за долг живот

1. Зеленчук
Меѓу зеленчукот се издвојуваат карфиолот и брокулата. Доколку често се јадат, се активира природниот систем за детоксикација. Зеленчукот ја намалува можноста за малигни тумори.

2. Овошје
За да имате долг и здрав живот и да ги спречите кардиоваскуларните болести и ракот, неопходно е да јадете по две порции овошје и три зеленчук секој ден, објаснува група американски диететичари, според рускиот лекар. Резултатите од студијата спроведена од овој тим покажаа дека секојдневното консумирање на пет порции овошје и зеленчук е поврзано со помал ризик од умирање.

3. Морска храна
Незаситените масни киселини во морските плодови помагаат во спречување на деменција, вели Мјасников.

4. Риба
Рибиното месо и маслото го спречуваат создавањето на згрутчување на крвта, а неговите богати омега 3 масни киселини имаат многу добри антиоксидантни својства.

5. Јаткасти плодови
Јаткастите плодови се богати со омега 3 киселини и витамин Е. Покрај тоа, тие имаат антиоксидантни својства, магнезиум и влакна. Руските лекари Елена Малишева и Андреј Продеус тврдат дека оваа суперхрана помага да се продолжи животот поради високата содржина на растителни протеини. И двајцата експерти се повикуваат на резултатите од студијата спроведена во 2020 година, која заклучува дека замената на животинските протеини со растителни протеини ја намалува смртноста од која било причина. Бадемите особено содржат многу хранливи материи и елементи во трагови. Еден од нив е цинкот. Дополнително, нивната консумација ги задоволува и потребите за селен и хром, доколку тие се внесени во мали количини во исхраната, објаснува Мјасников.

6. Темно чоколадо
Темното чоколадо содржи флавоноиди. Овие хемиски соединенија се познати по нивните здравствени придобивки: ја подобруваат циркулацијата и менталната будност кај постарите лица. Американските истражувачи открија дека дури можат да го зајакнат имунолошкиот систем на поединецот за да помогнат во борбата против коронавирусот.

7. Лук
Лукот поволно делува на крвните садови и значително го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. И покрај големиот број на многу здрави својства, претераното консумирање на оваа храна и начинот на кој се подготвува може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Содржат многу минерали и витамини: Овие 10 НАМИРНИЦИ го заслужуваат епитетот суперхрана во 2022 година

M T

Овие намирници немаат рок на траење, може да се чуваат на собна температура

M T

Доаѓа студено време: Подобрете го имунитетот со овие 5 намирници

M T

Овие три намирници го забрзуваат метаболизмот и ќе ослабите ВЕДНАШ

M T

Ова е список на 9те намирници кои многумина од нас ги јадат, а се многу опасни по нашето здравје

M T

ЗАЈАКНЕТЕ ГО ИМУНИТЕТОТ – Овие намирници се ѕвездите на есенското мени

M T