Centar.mk
БИЗНИС

Германија трета најголема економија во светот и покрај бавниот економски раст

Германија е сè уште трета најголема економија во светот и покрај бавниот економски раст, според податоците објавени денес од Институтот за германска економија (IW) од Келн.

Според проценките, бруто домашниот производ (БДП) на Германија во 2025 година изнесувал околу 5,052 трилиони долари, надминувајќи го јапонскиот 4,431 трилион долари и паѓајќи на четвртото место во споредба со претходната година.

На прво место се Соединетите Американски Држави со БДП од 30,779 милијарди долари, а на второ место е Кина со 19,513 милијарди долари.

Експертот на IW, Михаел Гремлинг, забележува дека Германија и Јапонија заостануваат зад двете најголеми глобални економии, кои растат многу подинамично и се потпираат на високата технологија и развојот на вештачката интелигенција.

БДП на Германија порасна за 0,2 проценти во реални услови во 2025 година, за прв пат по две години контракција, но нивото на производство е сè уште приближно на нивото од 2019 година, пред пандемијата на коронавирусот. Според прогнозата, германската економија ќе ја задржи својата позиција како трета најголема економија во светот во 2026 година, со мал раст од еден процент благодарение на државните инвестиции, пренесува Танјуг.

Институтот од Келн предупредува дека Германија ќе ја изгуби третата позиција на долг рок поради силниот економски раст на Индија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Имаме најевтино гориво во регинот, мерките на Владата даваат конкретни резултати

ДЕСК

Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“

ДЕСК

Народната банка одбележува 34 години монетарна самостојност и 80 години централнобанкарскo работење

ДЕСК