Centar.mk
СВЕТ

Трамп сака до Денот на независноста да ја запре војната во Украина

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се обидува да постигне договор за прекин на војната во Украина пред 4 јули, кога ќе биде домаќин на одбележувањето на 250-годишнината од американската независност, пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на високи американски функционери.

За време на претседателската кампања, Трамп повеќепати ветуваше дека ќе ја заврши војната во рок од 24 часа по преземањето на функцијата. Сепак, околу 400 дена по почетокот на неговиот втор мандат, тристраните разговори не довеле до договор.

Трамп сега, според „Блумберг“, има цел војната да заврши во рок од четири месеци. Но, Кремљ денеска, на четвртата годишнина од почетокот на војната, порача дека борбите ќе продолжат сè додека не се остварат руските цели во Украина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА ГИ ЗАПРЕ ПОЛЕТУВАЊАТА НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА – Сериозни проблеми во авионските комуникации, FAA воведе вонредна забрана поради безбедноста

ДЕСК

ЕВРОПСКАТА БЕЗБЕДНОСТ ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА – Нови разговори по средбите во Абу Даби

ДЕСК

МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА – Украина употребила речиси 1.200 беспилотни летала

ДЕСК