Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Над 100 полициски службеници и хеликоптер продолжуваат со потрагата по Петар Џобоски

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски за кое неговиот родител пријави во петокот вечерта дека се оддалечило од домот во селото Врбско, општина Прилеп.

Во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон, а вклучени се и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“ – Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.

Поради големиот интерес на граѓани што сакаат да се вклучат во потрагата, а со цел подобра координација, МВР ги упати да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во с. Витолиште – 071 268 594. МВР апелира и до сите граѓани, доколку имаат каква било информација што би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК