Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Три лица повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

Три лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера на улицата Јустинијан Први во Скопје.

Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале автомобил „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Р. Т. (52) од Скопје, и патничко моторно возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А. И. (40) од Скопје.

Во несреќата тешки телесни повреди добил Р. Т., а телесни повреди добиле А. И. и уште двајца малолетни сопатници од истото возило, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК