Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денес престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија.

Во рамки на посетата Мицкоски ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања.

Потоа, премиерот ќе има свое обраќање на бизнис форумот во Будимпешта, насловен „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Северна Македонија“, каде ќе се воспостават нови контакти и ќе се разгледаат можностите за продлабочување на економската соработка меѓу унгарските и македонските компании.

Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, Даниела Димовска./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +