Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Дали Левица, коалицискиот парнтер на Мицкоски, ја поддржува руската агресија?

Соопштение на СДСМ:

Додека македонското општество, сите политички субјекти ја осудуваат руската агресија врз Украина, раководството на политичката партија Левица навива за што повеќе жртви во воената агресија.

Пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов и други членови на раководството на партијата со објави на социјалните мрежи го слават военото насилство во Украина.

Дали партијата Левица коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува руската агресија врз Украина?

Ваквите ставови на Левица се спротивни на државните и националните интереси и меѓународното позиционирање на Република Северна Македонија.

Со ова уште еднаш се потврдува дека партнерот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата Левица е антизападна структура која работи на штета на државниот интерес.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СНЕГ ВО НАЈАВА: Метеоролозите објавија нова 4 дневна прогноза

ДЕСК

Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

ДЕСК

САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија – вели СДСМ

ДЕСК