Centar.mk
БИЗНИСвестТЕМАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Минималната плата од 18.000 денари која ја ветивме, денес е реалност!

Честитки за нашите сограѓани кои со изгласаниот Закон за минимална плата веќе со мартовската плата ќе можат да го зголемат својот домашен буџет за најмалку 45 евра месечно. Минималната плата од 18.000 денари ќе придонесе кон подигнување на животниот стандард што е наша врвна цел. Сега веќе ќе може платите да растат без дополнителна интервенција, ќе се подига квалитетот на живот на граѓаните и во иднина, напиша премиерот Димитар Ковачевски на фејсбук.

– За многу кратко време, од 4,25 минимални плати кои беа потребни во 2016 да се покрие потрошувачката кошничка, денес стигнавме до момент кога со 2 минимални плати се покрива целата потрошувачка кошничка.

Нам како Влада ни е најважно сега, во услови на криза, секој денар од буџетот ефикасно да го користиме и да го пренасочиме кон граѓаните и стопанството. Во таа насока продолжуваме посветено да работиме и на зголемувањето на пензиите, соопшти Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ИЗДВОЈУВА 1,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ – Голема можност за иноватори и стартапи

ДЕСК

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ПРЕДУПРЕДУВААТ – Поскапувањето на горивата најсилно ги погодува сиромашните економии

ДЕСК

НАФТАТА ПОВТОРНО ПОСКАПУВА – Нов притисок врз светските пазари по нападите во Персискиот Залив

ДЕСК