20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОР

Град Скопје ќе потроши речиси 10.000 евра за хостирање на 8 веб страници, дел не се достапни или немаат соддржина

9.324 евра ќе потроши Град Скопје за услуги за хостирање. Па така Град Скопје нарачал 3 виртуелни приватни сервери и најверојатно обичен хостинг за 5 пет-шест веб страници.

Дел од страниците како на пример uslugi.Skopje.gov.mk и investicii.skopje.gov.mk се недостапни, односно немаат никаква соддржина

 

Еве по кои цени се набавени виртуелните приватни сервери и обичниот хостинг:

Договорот на 7.02.2022 за оваа набавка го потпишала новата градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска и истиот е достапен со клик тука.

 

Што ќе му се на Град Скопје виртуелни сервери, кога портал со 10.000 активни корисници во реално време и неколку милиони посети месечно плаќа пет пати помалку?

Разговаравме и со познавачи на состојбите во овој сектор, па така за групација на онлајн медиуми во Македонија (позната на редакцијата) се користат  2 Dedicated сервери кои чинат околу 200 евра месечно, а едниот од нив може да изддржи и до 10.000 realtime посети односно повеќе милиони посети месечно. Непознато е што ќе му се на Град Скопје, толку моќни сервери, ако се знае дека нивните портали би имале чисто сервисни и промотивни услуги.

Спонзорирано: