Centar.mk
фото Centar.mk (c) сите права заддржани
ЛОКАЛНО

СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ДОЧЕКА НОВАТА ГОДИНА БЕЗ ОГНОМЕТ – На плоштадот ќе настапуваат македонски изведувачи

Централната прослава за дочекот на 2027 година во Скопје ќе се одржи на плоштадот „Македонија“, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во саботата вечерта во гостување на телевизија Сител.

Според најавата, новогодишната програма ќе биде со македонски музички изведувачи, а прославата ќе помине без огномет.

Празничното украсување на главниот град е планирано во периодот од 10 до 15 декември. Со тоа Скопје ќе влезе во новогодишниот амбиент во средината на следниот месец.

Можеби ќе ве интересира

СКОПЈЕ ГИ АКТИВИРА ЗИМСКИТЕ СЛУЖБИ – Ѓорѓиевски вели дека екипите се на терен

ДЕСК

Граѓаните активно учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2027 година

ДЕСК

НИТУ ЕДНА ФИРМА НЕ СЕ ПРИЈАВИЛА – Скопскиот Планетариум чека нов тендер

ДЕСК