Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

149 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (22.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 149 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 66 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво ќе биде времето наредните денови?

ДЕСК

Трагедија: Починато бебе пронајдено во Скопје

ДЕСК