11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

МТСП: Утре започнува етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 24.02.2022 год. (четврток) започнува етапната исплата на февруарските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 24.02.2022 година (четврток);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2022 година (петок);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2022 година (понеделник); и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.03.2022 година (вторник).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 24 февруари (четврток). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Следната година повисоки плати и пензии

CENTAR MKD

МТСП: Во тек е етапната исплата на августовските пензии

M T

МТСП: Во тек е етапната исплата на јулските пензии

M T

МТСП: Во тек е етапната исплата на јунските пензии

M T

МТСП: Во понеделник почнува исплатата на мајските пензии, со дополнителни 1000 денари финансиска поддршка

M T

СДСМ: Со одговорните политики, ребалансот на Буџетот е со заштеда од 200 милиони евра за поголеми плати и пензии

M T