23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Циклонска активност носи студен и влажен бран над Македонија – УХМР издаде метео предупредување, еве какво ќе биде времето следните 4 дена

Под влијание на циклонска активност и на влажен и студен воздушен бран, утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 л/м2 воден талог.

Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува над 60км/ч, а температурата ќе се намали за 6 до 8 степени во споредба со денешната.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.

Прогноза за 23.02.2022
Минимална температура: -2°C до 5°C Максимална температура: 5°C до 12°C

Прогноза за 24.02.2022
Минимална температура: -2°C до 5°C Максимална температура: 5°C до 13°C

Прогноза за 25.02.2022
Минимална температура: -6 до 1°C Максимална температура: 9°C до 16°C