Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Маричиќ: Марфи ја потврди поддршката од САД за нашите евроинтеграции и ја поздрави посветеноста на Владата во реализирањето на реформската агенда

САД остануваат наш партнер и пријател на патот кој води до целосно членство на Северна Македонија во Унијата, соопшти вицепремиерот Бојан Маричиќ.

– Во рамки на 58 издание на Минхенска конференција за безбедност, која оваа година е посветена на темата „Меѓународната соработка во време на растечки кризи“, заедно со премиерот Димитар Ковачевски остваривме средба со американскиот сенатор Крис Марфи, соопшти Маричиќ.

Низ разговорот Марфи ја потврди поддршката од САД за нашите евроинтеграции и ја поздрави посветеноста на Владата во реализирањето на реформската агенда.

Од особена важност е и регионалната соработка помеѓу земјите на Западен Балкан, која се интензивира, особено во полето на диверзификација во енергетскиот сектор, рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Големо апсење во Скопје – Уапсено лице осудено на 9 години затвор

ДЕСК

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ВРЕМЕТО, ОД ПОНЕДЕЛНИК ГОЛЕМА ПРОМЕНА – Метеоцентар со детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК