Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ценовска-Серафимовска: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не застана зад работниците – недела конечно стана неработен ден

„ВМРО-ДПМНЕ повторно не е на страна на работниците. Недела е денот кој работникот го заслужува за да одмори. Недела неработен ден го подобрува квалитетот и продуктивноста на работниците“ кажа членката на Извршниот одбор на СДСМ, Мелиса Ценовска-Серафимовска во дебатата со Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Ценовска-Серафимовска додаде дека опозицијата во Собранието блокира закони за усогласување на платите со минималната плата, а во јавните настапи повикуваат за тоа.

„Минималната плата го подобрува и стимулира производството. Задоволен работник може да даде поголем импакт за подобрување на производствениот процес“ кажа Ценовска-Серафимовска.

Таа додаде дека карактеристика на СДСМ е заштитата на работниците и граѓаните и ја повика опозицијата да ги поддржи мерките кои имаат цел подобрување на стандардот на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК