17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ценовска-Серафимовска: Минималната плата е заштита на достоинствениот живот на граѓаните

„Минималната плата е триумф, кој има цел да ги извлече граѓаните од прагот на сиромаштијата. Тоа е е најважно и сите останати граѓани треба да сфатиме дека приоритет треба да биде заштитата на достоинствениот живот на граѓаните кои живеат на работ на сиромаштијата“ кажа Мелиса Ценовска Серафимовска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека идеолошка определба на СДСМ е грижа за сите чинители во општеството, особено на работниците.

„Потрошувачката кошничка од времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт до сега е зголемена за 9 проценти, додека минималната плата е порасната за 100 проценти. Минималната плата е задоволителна и ја следи инфлацијата“ кажа Ценовска-Серафимовска.

Таа ја повика опозицијата да ја поддржи минималната плата, со цел на граѓаните да им се влее доверба дека нешто стабилно си сигурно се случува.