20.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„Титаник“ го смени курсот

Признание на вина за изборни малверзации, на двајца министри од време на владеење на ВМРО ДПМНЕ и генерален секретар на партијата, е потврда за заробена држава, во која демократските институции не можеа да фунцкионираат на нормален начин.
Тоа што до вчера го тврдеше обвинителството, за случајот „Титаник“, го признаа двајцата поранешни министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на партијата Мартин Протугер. Тие во Судот се извинија и признаа дека се виновни за тоа што ја злоупотребиле власта и службените позиции за да манипулираат со изборите.

„Титаник“ беше првата истрага на СЈО, која обвиниетството ја отвори во февруари 2016 година. Обвиненито кое содржи илјадници материјални докази и прислушувани разговори, како и стотици сведоци, беше поднесено во јуни 2017 година. Многу опструкции, несоработка од институции, па и помилување од страна на тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов, беа само камен на сопнување за да има разрешница на обвинеијата. Јавноста жедна за правдина како да изгуби надеж, оправдана беше критиката дека судовите ги одложуваат процесите против одредени чувствителни политички личности, не одлучувајќи по барањата на обвиниетелството. Првото судско рочиште за овој случај се одржа една година подоцна на 2 април 2018 година. По шест години, еден од најобемните случаи на поранешнот СЈО, вчера доби пресврт. Од вкупно 21 обвинет, осуммина од групата,признаа вина некои целосно, некои делумно тие пресудата ќе ја слушнат за неколку дена. Ќе продолжи да им се суди на оние коишто се изјаснија дека не се виновни.

Сантата мраз во која удри „Титаник“ беа локалните избори во 2013 година, поточно гласањето во Струмица и местење на резултати во општина Чаир. Јавноста можеше да слушне, како министрите на ВМРО ДПМНЕ од позиција на моќ, давале наредби да се изманипулира прегласувањето и да се земе власта на локално ниво.

„Врхушката на ВМРО ДПМНЕ се организирала во злосторничкото здружување кое ги криминализирало изборите за да остане на власт на локално и на државно ниво“ – вака обвинителката на поранешното СЈО, Фатиме Фетаи пред 6 години години, ја нацрта шемата за случајот „Титаник“. Организатор на групата е бегалецот Никола Груевски, обвинети се и Мартин Протугер,Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски,Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска според обвинителството строриле дела против изборите и гласањето преку криминалзиирање на изборниот процес.