Сведоци сме на нова страница во разговорите со Бугарија, фокусот е ставен и на економската соработка. Јас сум за одржливо решение врз база на европски вредности. За брзо решение сум, затоа што сметам дека ние треба што побрзо да ги отпочнеме преговорите, меѓутоа не сум за избразано решение кое нема да се заснова на една одржлива основа која што ќе биде добра основа за иднината и за патот кон ЕУ и за градење добрососедски односи, рече премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за Алсат М телевизија.
„Има прашања за кои се разговара а има и прашања за кои не се разговара. Решение треба да се базира на европски вредности, треба да се базира на почитување на граѓаните на двете држави и задржување на достоинството на граѓаните на двете држави. Тоа се основните принципи на кои што треба да се заснова едно решение коешто треба да биде одржливо и коешто треба да претставува основа за отпочнување на преговорите меѓутоа и основа за градење и унапредување на добрососедски држави.“ рече Ковачевски.