Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Петров: Опозициските блокади не носат добро, државен интерес е да се екипира Уставниот суд

„Иницирањето криза не е во интерес на граѓаните и ничија лична кариера не е поважна од интересите на граѓаните. Мое убедување е, а и искуство дека блокадите и опструкциите во Собранието не донеле добро на никој“ кажа членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека дури и кога тие како опозиција блокирале, времето покажало дека тоа немало никаков ефект на билдањето на рејтинг на партиите или постигнување на некакви цели.

„Интересот на државата е да се екипира Уставниот суд. Во моментот треба низ дијалог да се најде начин како да се надмине проблемот и да се изберат преостанатите судии.“ потенцираше Петров.

Тој додаде дека за парламентарните прашања треба да се разговара во Парламентот, но креирањето за тој амбиент доаѓа од политичките партии.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: Свиркачи јавуваат, власта врши притисок врз странска банка за купувач на Алта банка

ДЕСК

Европската комисија го нотира напредокот, МЈА продолжува со реформи за професионална и ефикасна администрација

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК