Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: Го намаливме ДДВ на струјата и одвоивме финансии за субвенционирање за да се спречи ценовен шок за граѓаните

„Уште кога почна енергетската криза ние го намаливме ДДВ за резиденцијалните потрошувачи од 18 на 5 отсто, бидејќи го предвидовме ова што се случува“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „200“ на АлсатМ.

Тој додаде дека исто така се одвоија и финансиски средства од Буџетот, во значителен износ, со цел да се изврши субвенционирање на цената на електричната енергија која што граѓаните ја плаќаат, за да не се случи ценовен шок.

„Не се случи ценовен шок, иако има држави каде што за 50-60 отсто е покачена цената на струјата.“ кажа Ковачевски.

Тој додаде дека од оваа перспектива, државата се уште може да се држи до основното ссценари во однос на цената на електричната енергија.

Можеби ќе ве интересира

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК

ТЕЖОК СЛУЧАЈ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Во дом пронајдена почината педесет и деветгодишна жена

ДЕСК