Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: Го вреднуваме трудот на работникот, двојно ја зголемивме минималната плата

По неколку седници на економско-социјалниот совет, Владата, Синдикатот, работодавците, постигнавме договор за зголемување на минималната плата, јас секогаш сум бил застапник да трудот на работниците треба да се вреднува и дека минималната плата е нешто што треба да биде над прагот на сиромаштијата, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во своето гостување во емисијата „200„ на телевизија Алсат.

Претседателот Ковачевски посочи дека минималната плата за само четири и пол години пораснала за 100 отсто, односно двојно, додека стапката на невработеност денеска изнесува најниски 15,7 отсто.

„Пред доаѓањето на оваа Влада на СДСМ Северна Македонија беше препознаена како рај за евтина работна сила и тука доаѓаа инвеститори на кои што им се нудеа вработени од 9.000 денари. Во тоа време беа потребни четири минимални плати за покривање на една потрошувачка кошничка, денес после 100% зголемување на минималната плата имаме намален број на невработени лица, значи историски најмала стапка на невработеност од 15,7 отсто, и денес, потрошувачката кошничка се покрива со две плати“ заклучи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК