Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИвест

Битиќи: Во третата недела од работата на Владата, решено прашањето за минималната плата

„Во третата недела од работата на новата влада ние постигнавме успех за минимална плата, во општество каде што не сме навикнати на дијалог. Каде за минимална плата претходно се зборувало во четири очи, а не со сите страни“ кажа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Утирнски брифинг“.

Тој додаде дека оваа Влада така ќе пристапи кон решавање на сите круцијални проблеми – не еднострано, туку преку разговори и дијалог со засегнатите страни.

„Затоа преговаравме на секои два дена, со нови предлози и нови проекции. Цел викенд работевме на методологијата, гледавме различни параметри, за вчера да го претставиме моделот и го дискутираме“ кажа Битиќи.

Како што кажа вицепремиерот, законското решение е испратено до социјалните партнери на разгледување, по што ќе биде изгласано на седница на Владата и доставено по брза постапка во Собранието.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените, институциите се во постојана координација

ДЕСК