Centar.mk
БИЗНИСвестТЕМА

Битиќи: Синдикатите се однесуваат како во демократија, да се навикнеме на тоа

„Однесувањето на синдикатите и заканите за штрајкови е нормално, како во секое демократско општество, иако за нас тоа е новина. Но, секаде синдикатите така се однесуваат“ кажа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека и работодавачите исто така, мора да го штитат својот интерес, а перидот на оддолжување на одлуката за раст на минималната плата се случил поради тоа што имаше оставка на претходната влада, што не можеше да го адресира ова прашање.

„Во третата недела од работата на новата влада ние постигнавме успех за минимална плата, во општество каде што не сме навикнати на дијалог. Каде за минимална плата претходно се зборувало во четири очи, а не со сите страни“ кажа Битиќи.

Тој додаде дека оваа Влада така ќе пристапи кон решавање на сите круцијални проблеми – не еднострано, туку преку разговори и дијалог со засегнатите.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ОСТАВИЛЕ ДОЛГОВИ, НО НЕ И ИМОТ – Дали децата мора да ги плаќаат кредитите и неплатените сметки?

ДЕСК

НАШЛЕ СКРИЕНИ ПАРИ ВО СТАРА КУЌА – Дали смеат да ги задржат или законот предвидува нешто друго?

ДЕСК

КУРСНА ЛИСТА ЗА 5 НОЕМВРИ – Колку денари се 100 евра, долари, фунти и франци?

ДЕСК