Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Маричиќ: Европските институции покажаа голем интерес за дијалогот со Бугарија

„Ова беше прва посета на премиерот Ковачевски на Брисел. Впечатокот е крајно позитивен. Ние ги претставивме нашите приоритети и потврдивме дека остануваме посветени на реформите и на дијалогот со Бугарија“ кажа вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „360 степени“ на Алсат.

Тој додаде дека она што радува е високото ниво на заинтересираност од сите европски институции за дијалогот со Бугарија, за нашите намери, како и за следните чекори.

„Сите очекуваат брза динамика во која ќе се дискутираат отворените прашања, ќе се бараат решенија и ќе ги држиме во тек европските институции и државите членки за разговорите. Добро е што претставеното од наша, како и од бугарска страна коинцидира во информациите“ кажа Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека резултатите од работните групи, од координацијата меѓу министерствата за надворешни работи и премиерите се очекува да дадат патоказ што ќе биде водилка за односите меѓу двете земји во наредниот период.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК