На 19.11.2026, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 38-годишник од Мала Речица, тетовско, и 40-годишник од с. Здуње, тетовско, двајцата вработени во приватни фирми, кои работеле на ист проект. Според пријавеното, околу 10:20 часот, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу нив. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.


