На 19.11.2026 во 18:25 часот на ул. „Македонски Гемиџии“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 28-годишна жена од Битола.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувала, и по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото иако има активна забрана за управување.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.


