Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Додека бара онлајн настава, Мицкоски присутен на забава во црква како се “весели” без почитување на ковид протоколи

Од видеото објавено на социјалните мрежи, Христијан Мицкоски и дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ се веселат во црква без држење на дистанца и почитување на мерките за заштита од ковид.

Интересно е што самиот Мицкоски и неговата партија бараат онлајн настава од први февруари поради растот на заразени од ковид 19 од една страна, а од друга страна тој продолжува да ги крши мерките.

– За ваква ли грижа за граѓаните за време на здравствена пандемија зборува Мицкоски? Вака ли напикани кластерски ќе ги намалуваме бројките? За овој настан ќе излезе ли утре Наум на прес?, е само дел од низата коментари на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +

(Видео) Комеморацијата заврши со „63 ангели”, песна за згаснатите животи

C +