Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Полицијата не застанува: 136 казни за брзо возење во тетовско за само пет часа

Вчера во периодот од 10.00 до 15.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 136 возачи. Од нив 93 на територија на Тетово, а 43 на територија на Гостивар. Од овие 136 казнети возачи, 50 возеле со брзина од над 50 километри на час над дозволеното, а дури 10 со над 70 километри на час над дозволеното.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Овој ребаланс е избор на одговорност пред популизам, стабилност пред финансиска неизвесност и конкретни резултати пред празни ветувања

ДЕСК

Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ – Момче осомничено за силување дете под 15 години

ДЕСК