12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тренчевска во интервју за МРТВ: Со Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ќе разговараме за зголемување на минималната плата на 18.000

Трудот на работниците мора да се почитува, особено во делот на унапредувањето на работничкиот статус и квалитетот на живеење во услови на економска и здравствена криза. Затоа Владата преку дијалог со работниците и работодавачите ќе ја зголеми минималната плата на 18.000 денари а до крајот на мандатот на 20.000 денари, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за утринската програма на МРТВ.

„Денеска со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија имаме состанок кај вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Ќе разговараме за минималната плата и за дијалогот кој ќе го продолжиме понатаму во Економско социјалниот совет за да изнајдеме најдобро решение прифатливо за сите“, рече министерката Тренчевска во интервјуто.

Министерката информираше дека инспекциските служби будно ја следат имплементацијата на Законот за работни односи и на Законот за трговија во врска со законското решение недела да биде неработен ден со кој 92% од работниците нема да работат. Тренчевска посочи дека од почетокот на годината извршени се 163 инспекциски надзори при што се констатирани 34 неправилности за кои се изречени инспекциски мерки. Од нив 29 се решенија за опомена согласно Законот за работни односи а 5 се за забрана согласно Законот за трговија.

„Сите податоци од извршените инспекциски надзори јавно се објавени на страницата на Државниот инспекторат за труд. Наскоро очекувам да биде објавена и листата на работодавачи кои што доставиле известување, согласно Законот за работни односи, од обврската пријава дека ќе работат во недела. Така сите заинтересирани граѓани и медиуми можат да следат кои работодавачи ќе работат во недела. Ако видат дека некој нема пријава за работа во недела ќе може да ја пријават неправилноста“, рече министерката Тренчевска.

Според Тренчевска праксата ќе покаже какви се ефектите од имплементацијата на недела неработен ден, бидејќи на терен Законот за недела неработен ден се спроведува само еден месец. Со дополнителни анализи ќе се утврдува дали целта е постигната.

Со новото законско решение 8% од работниците кои работат во техничко – технолошкиот процес кој не може да биде прекинат во недела, ќе добиваат 50% повисока дневница и дополнително еден слободен ден во текот на наредната недела.

Тренчевска информираше дека Министерството за труд и социјална политика од отворањето на градинките во септември 2020 година до денес, будно ја следи состојбата во врска со пандемијата предизвикана од Ковид 19 и дека процентот на вакцинирани вработени во детските установи е висок.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Следната година повисоки плати и пензии

CENTAR MKD

Министерката Тренчевска учествува на регионална конференција на УНФПА за родово одговорни политики во Истанбул

M T

Грковска и Тренчевска на средба со Сојузот на борци од НОАВМ: Значајно е место на борците во општествениот живот, ги одржуваат сеќавањата на историските придобивки

M T

Средба на министерката Тренчевска со амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ, во заминување

M T

Тренчевска: Со потпишувањето на Меморандум за соработка со Министерството за семејство и социјална политика на Република Полска и размена на искуства, ги зајакнуваме нашите пријателски односи

M T

Тренчевска од Полска: Социјалното претприемништво води до повеќекратни социјални решенија и отворање на работни места

M T