Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски: Не се разговара, ниту ќе се разговара за идентитетот на нашиот народ и за македонскиот јазик

„Ние имаме јасно изградени позиции во нашето Собрание, поддржани од сите партии. Тие позиции се јасни и за Владата и за Собранието, за политичките партии и за граѓаните. Потврдува не се разговарало, не се разговара и нема да се разговара за идентитетот на нашиот народ и за македонскиот јазик“ потенцираше премиерот Димитар Ковачевски во неговото гостување на Дневникот на МРТ.

Тој додаде дека позитивната динамика во односите со Бугарија влева надеж за затворање на отворените прашања, бидејќи се случува промена во комуникацијата меѓу двете држави.

„За да изнајдете решение со било кого, мора да комуницирате. Јас сметам, а со тоа се согласува и премиерот на Бугарија Кирил Петков, дека комуникацијата во изминатиот период беше на многу ниско ниво. Тоа го адресиравме уште во самиот почеток“ кажа Ковачевски.

Премиерот додаде дека треба да се работи на комуникацијата и градењето доверба меѓу двете држави, прво меѓу институциите, а потоа и на сите општествени чинители за да се врати довербата и позитивната комуникација.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за три месеци изнесува 408 милиони евра

C +

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК