11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Работните групи со Бугарија не се само на хартија, тие ќе работат на проекти на седмично ниво

„Уште на првата средба со премиерот Кирил Петков договоривме да се формираат работни групи, што ќе работат на реални проблеми. Работните групи беа формирани и започнаа со работа со висок интензитет и што е најважно, овие групи не беа направени само за да работат еден ден, туку ќе работат на седмично ниво“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во Дневникот на МРТ.

Тој додаде дека еден од поважните проекти на кои ќе соработуваат двете држави е Коридорот 8 и инфраструктурното поврзување, за што се договорени конкретни датуми за завршување на деловите од наша и од нивна страна.

„Се потврди и иницијативата за авионската линија Скопје-Софија, која не е само политичка цел, туку ќе биде авионска линија што ќе биде и економски исплатлива“ кажа Ковачевски и додаде дека се одржуаат состаноци и за железничкото поврзување.

Премиерот додаде дека паралелно со работата на работните групи и историската комисија ќе има нова, позасилена динимика со цел да се стигне до решенија кои ќе бидат основа на политичкиот дијалог.

Спонзорирано: