Centar.mk
АНАЛИЗАМАКЕДОНИЈА

АНАЛИЗА: Владата со три мерки за младите: Поевтини станови, нула комуналии и студентски попусти

Полесен пристап до сопствен дом и помали трошоци за живот за студентите се во фокусот на трите нови мерки кои ги најави премиерот Христијан Мицкоски. Пакетот предвидува конкретни финансиски олеснувања за младите брачни парови и студентите, со цел да се одговори на дел од нивните најзначајни егзистенцијални предизвици.

Првата мерка предвидува градежните компании да издвојуваат најмалку 10 проценти од станбената површина во новите објекти за млади брачни парови до 35 години, по цена најмалку 20 проценти пониска од просечната цена во соодветната катастарска општина во претходната календарска година. Дополнително, за овие станови ќе биде утврден и горен ценовен праг, а законот нема да важи ретроактивно.

Втората мерка предвидува целосно ослободување од комуналии за брачните парови до 35 години кои ќе градат сопствена куќа. Со тоа, младите ќе добијат финансиско олеснување уште во почетната фаза на изградбата, а поволноста ќе важи на целата територија на државата.

Третиот проект е насочен кон студентите и предвидува студентска картичка преку апликацијата „М-услуги“, со најмалку 20 проценти попусти за различни производи и услуги. Најавата вклучува и можност за користење дополнителни поволности по искористувањето на месечните средства за субвенциониран оброк.

Важен елемент на пакетот е тоа што мерките опфаќаат различни потреби и животни фази од студентскиот стандард до формирањето семејство и решавањето на станбеното прашање.

За разлика од моделите кои се потпираат исклучиво на директни буџетски исплати, предложениот пристап вклучува законски обврски за градежните компании, олеснувања на локално ниво и соработка со давателите на услуги.

Следниот чекор е преточување на најавите во конкретни законски решенија и утврдување на условите за користење на поволностите. Со нивната реализација, Владата најавува поширок пристап кон поддршката на младите и намалување на финансиските пречки со кои се соочуваат.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНО И СОНЧЕВО ДЕНЕС, НО СЛЕДУВА ВРЕМЕНСКИ ПРЕСВРТ – Обилни дождови, а за викендот и снег

ДЕСК

ДОПОЛНИТЕЛНИ 26.000 ВАКЦИНИ ПРИСТИГНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Министерството со известување

ДЕСК

МИЦКОСКИ ЈА ПРЕДИЗВИКА ОПОЗИЦИЈАТА – „Нека побараат распуштање на Собранието, ќе поддржиме предвремени избори“

ДЕСК