Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Пецаков треба да одговара, наместо да се заканува со тужби, Мицкоски да каже дали го поддржува неговото неодговорно постапување

Реакција од СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ:

Без ниту малку срам, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков наместо да се извини, се заканува со тужби.

Факт е дека Пецаков додека чекал резултати од тест за Ковид 19, наместо во изолација, беше помеѓу граѓаните на Водици.

Факт е дека Пецаков, според надлежните институции има решение за изолација.

Факт е и дека Пецаков на Водици, беше заедно со Христијан Мицкоски на литургија во црква.

Наместо да покажат минимум одговорност и совест и да им се извинат на охриѓани, Пецаков се заканува со тужби за наводно монтиран случај, а Мицкоски го нема да објасни дали застанува во заштита на неговиот охридски градоначалник.

Пецаков треба да одговара како и секој поединец кој свесно крши протоколи и го загрозува јавното здравје.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК