3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Каевски: СДСМ ја решава енергетската криза за разлика од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Владата и надлежните институции преземаат серија чекори за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните, рече денеска на прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник од редовите на владејачката СДСМ.

„Од утре, АД ЕСМ го презема управувањето со БЕГ и топлана Скопје Север со што ќе се реши кризата со топлинска енергија, а граѓаните на Скопје до крајот на грејната сезона ќе имаат парно греење до 1 часот по полноќ. Претходно, преземени се решенија со кои се искористија сите расположливи домашни капацитети за производство на електрична енергија.

Преземен е и првиот конкретен чекор за заштита на стандардот на граѓаните од покачените цени на енергенсите. Со 60 милиони денари ќе се субвенционираат месечните трошоци за струја на 7.500 семејства“, посочи Каевски.

Тој нагласи дека во моментот Владата работи и на нови мерки кои, како што кажа, ќе значат директна финансиска помош за граѓаните и стопанството.

„Ова е одговорно, домаќинско управување на инситуциите од страна на СДСМ, која секогаш работи за граѓаните“, рече претставникот на СДСМ додавајќи дека од друга страна јавноста гледа штетно и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници.

Како премер Каевски ја наведе скопската градоначалничка, Данела Арсовска, која, како што кажа, ги игнорира барањата на скопјани и се прогласува за ненадлежна.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

Каевски: Во ВМРО-ДПМНЕ самите се фатија со рацете во медот, Мицкоски да не се крие

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

Каевски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее

M T

Франција и Германија заедно против енергетската криза: На едната ѝ е потребен гас, а на другата струја

M T

Каевски: Неодговорниот Мицкоски блокира во време на криза, за да ја прикрие неспособноста на неговите градоначалници

M T