Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Арсовска со нејзиното неработење нанесува штета на скопјани и Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска секојдневно ја докажува негрижата за граѓаните и за Градот Скопје, се вели во соопштението од СДСМ.

Прекинувањето на проектот за Бас рапид транзит, за кој беа обезбедени средства преку заем од Европската банка за обнова и развој е нејзината прва штетна одлука.

Од партијата наведуваат дека годинава Арсовска ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација.

Во само 10 дена Данела Арсовска смени двајца директори на ЈП Градски паркинг и постави бивш разузнавач кој не е компетентен за функцијата.

Арсовска одби финансиски да го помогне субвенционирањето на парното греење и во криза ги игнорира проблемите на граѓаните на Скопје.

Наместо бесплатен јавен превоз ЈСП воведе билет од 120 денари, а потоа бара пари од Владата за покривање на трошоците за гориво.

Наместо проекти, решавање на проблеми, единственото нешто што го прави Арсовска е прекинување проекти, партизација на Градот и оправдувања за нејзиното неработење, се вели во соопштението од СДСМ.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Фрчкоски: Кога седна Орце во фотељата кога омилената фрима на ВМРО доби тендер?

ДЕСК

Удрил во полициски службеник и побегнал

ДЕСК

Крадци завршиле со празни раце откако се обиделе да ограбат бензинска пумпа во Кисела Вода

ДЕСК