Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фатени двајца крадци што ограбиле бензинска пумпа кај Катланово

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои извршиле разбојништво во бензинска пумпа.

Двајцата соизвршители на возраст од 25 и 22 години, на 14 јануари во раните утрински часови, со автомобил паркирале во близина на бензинска пумпа на локалниот пат од село Ражаничино кон Катланово. Се маскирале со блузи кои ги прилагодиле како фантомки, со отвори за очите. Со ножеви во рацете им се заканиле на вработените, барајќи да им го дадат дневниот промет на пумпата. На тој начин тие одзеле 7.815 денари и со возилото се оддалечиле од местото во правец кон селото Бадар, каде сопреле со автомобилот, но набрзо биле откриени и фатени од полициски службеници.

Бидејќи постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да ја попречуваат постапката со влијание врз сведоците/оштетените или да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК