Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Нов и компетентен тим ја освежува Владата

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада Димитар Ковачевски ги претстави кадровските решенија кои на негов предлог беа усвоени од страна на Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница.

Покрај докажани кадри од претходната Влада, речиси 70 отсто од министрите од редовите на СДСМ се нови, компетентни лица, подготвени да ја преземат одговорноста во соодветните ресори, стои во соопштението на СДСМ.

За вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси предложена е Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, магистер по математички науки и поранешен асистент на Природно-математичкиот факултет.

За министерка за одбрана, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ, поранешна заменик-министерка за внатрешни работи во техничката влада, со големо искуство во областа на безбедноста.

За министер за правда, Никола Тупанчевски, познат и признат професор на Правниот факултет, еден од водечките професори по Казнено право.

За министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, магистар по социолошки науки, учесничка во повеќе меѓународни тела поддржани од УНДП, UNWOMEN, која има повеќе објавени трудови, сè уште актуелна директорка на Државниот инспекторат за труд.

За министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, актуелна пратеничка на СДСМ, доктор на науки, професорка на Педагошки факултет на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола.

Како што велат во СДСМ, ова се имињата кои внесуваат нова свежина, нова енергија во дејствувањето на новата Влада која во следниот период ќе работи посветено, ефикасно и одговорно во реализација на Програмата која треба да обезбеди надминување на предизвиците, засилен економски раст и подигнување на животниот стандард на сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Утрово, најстудено во Крушево, измерени -8 степени

C +

АПСЕЊА НА ВОЗАЧИ КОИ ВОЗЕЛЕ ПРЕБРЗО: Лишени од слобода осум возачи во Тетово, Гостивар, струшко, кичевско и во Прилеп

ДЕСК

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

ДЕСК