Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Шуто Оризари

На 09.01.2022 во 21,00 часот на подрачјето на Шуто Оризари од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода 17 годишен малолетник од Кочани по претходна пријава дека извршил тешка кражба во Скопје. Во Полициското одделение Шуто Оризари во присуство на инспектори по малолетничка деликвенција и на стручен тим од ЈУМЦСР и адвокат, бил извршен разговор со малолетникот кој во целост ја појаснил постапката на извршената тешка кражба. Известен е и дежурен јавен обвинител за малолетници, од каде што е добиено известување дека малолетното лице имало претходна правосилна пресуда и треба да биде спроведено до ВПД Тетово.

По целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК